Во машката ракометна Супер лига денеска ќе се одиграа уште два натпревари со кои ќе биде комплетирано 11-тото коло.
Првиот е оној дерби дуелот во кој ќе се „судрат“ двете досега не поразени екипи во првенственото Вардар и Алкалоид.
Лидерот на табелата Вардар е единствената екипа која досега има максимални 10 победи во исто толку одиграни натпревари. И Алкалоид не знае за пораз, но во два наврати пропушти победи играјќи нерешено со Е.Пелистер и Охрид. Ова ќе биде првиот овосезонски меѓусебен дуел на тимовите кои се меѓу конкурентите за освојување на трофеите.
Ќе успее ли Вардар да остане перфектен или Алкалоид ќе му го(и) одземе првиот бод(ови) останува да видиме во дуелот што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“. Натпреварот ќе почне во 18,30 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
Вториот денешен натпревар, воедно последен од ова коло ќе го играат Охрид и Бутел во терминот од 20 часот.





































