Во машката ракометна Супер лига денеска и утре ќе се играат дуелите од единаесеттото коло.
Оваа рунда ќе мине во знакот на неделното дерби во СЦ „Јане Сандански“ каде ќе се сретнат досега не поразените Вардар и Алкалоид. Тоа е дуел на двете првопласирани екипи на табелата.
Инаку денешната програма ќе почне во Битола. Таму на гости кај актуелниот шампион и трето пласиран на табелата, Еурофарм Пелистер ќе гостува екипата на Куманово.
Половина час подоцна ќе се играат натпреварите во Радовиш и Струга. а последен е оној во „Биљанини извори“, каде Охрид ќе го пречека Бутел.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 11 КОЛО
сабота
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО 17:00 часот
РАДОВИШ – ПРИЛЕП 17:30
СТРУГА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 17:30
ОХРИД – ПРОЛЕТ 19:30
недела
ВАРДАР – АЛКАЛОИД 18.30
ТИКВЕШ 2014 – БУТЕЛ 20:00





































