Ракометното „Супер дерби“ меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер кое го добија црвено-црните, а што се игра во Јане Сандански, не мина без инцидент.
Министерството за внатрешни работи, во денешниот билтен, информира дека биде приведени 18 лица.
„ На ден 26.03.2023 г. полициски службеници приведоа 18 лица во врска со нарушување на јавниот ред и мир на натпреварот Вардар-Е. Пелистер во салата Јане Сандански во Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот по закон за спречување насилство на спортски натпревари“.
се вели во објавата на МВР.