И денес продолжуваат фудбалските возбудувања, со нов натпревари европските квалификации.

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија која со победа над Малта го започна овој циклус, во второто коло од групата Ц е слободна, па затоа утре (понеделник) ќе одигра контролен (пријателски) натпревар со Фарските Острови.

Во нашата група денеска ќе се одиграат два натпревари.
Во првиот репрезентацијата на Украина ќе ја предизвика Англија која во првото коло славеше на гостувањето кај Италија. Иако Англичаните кои се актуелни вице-европски прваци, важат за фаворити, сепак подмладената украинска селекција во своите редови има неколкумина искусни фудбалери кои настапуваат во најсилните европски клубови и лиги. Така дуелот што ќе се игра на „Вембли“ во Лондон од 18 часот, ќе биде вистински тест за избраниците на Саутгејт, кои ќе треба да потврдат дека победата над Италија не била случајна.

Затоа пак актуелните европски шампиони Италијанците, не смеат да си дозволат нов „кикс“. Тоа би било вистинска сензација доколку на гостувањето кај Малта, избраниците на Манчини не слават и тоа убедлива победа. Се освен триумф за „Аѕурите“ би бил дебакл. Овој натпревар започнува во вечерниот термин од 20:45 часот.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024 (ДЕНЕСКА)
ГРУПА Ц 
18:00 АНГЛИЈА – УКРАИНА
20:45 МАЛТА – ИТАЛИЈА

ГРУПА Х
15:00 КАЗАХСТАН – ДАНСКА
18:00 СЛОВЕНИЈА – САН МАРИНО
20:45 С. ИРСКА – ФИНСКА

ГРУПА Ј
18:00 ЛИХТЕНШТАЈН – ИСЛАНД
20:45 СЛОВАЧКА – Б И Х
20:45 ЛУКСЕМБУРГ – ПОРТУГАЛИЈА