Екипата на Брентфорд триумфираше против Ливерпул со резултат од 3:2. Англискиот шампион немаше никаков одговор за расположениот Брентфорд.
Брентфорд преку Данго Аутара во 5.та минута го отвори натпреварот со неговиот гол за 1:0. Домаќинот зголеми на 2:0 во 45-тата со голот на Кевин Шаде. Ливерпул преку Керкез намали на 2:1 во петата минута од судиското надополнување.
Во второто полувреме Брентфорд зголеми на 3:1. Стрелец беше Игор Тиаго од пенал. Конечните 3:2 ги постави Мо Салах со гол во 89.та минута.
Со крајот на овој натпревар на табелата во Премиер Лигата актуелниот првак Ливерпул се наоѓа на 6.та позиција со 15 бода. Победникот од овој дуел Брентфорд има учинок од 13 бода и се наоѓа на 10.то место.





































