Денес на програмата беа уште два натпревари во рамките на 10 коло во Првата Македонска фудбалска лига.

На националната арена, Работнички и Македонија ЃП играа реми без голови. Во Струга можеше да се види вистинска голеада, каде АП Брера извојува изненадувачка победа над фаворизираниот домаќин.

СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА СТРУМИЦА

Во Струга, фудбалерите на Брера рано го отворија резултатот, уште во 3 минута од натпреварот, а дури во 7 минута го дуплираа водството. Стружани брзо се консолидираа и во 11 минута го намали водството на гостите. До крајот на полувремето видовме уште по еден погодок во двете мрежи.

Во вториот дел, во 61 минута, Брера успеа да го зголеми водството, што беше и конечен резултат и дефинитивно изненадување на колото.Дербито на ова колото меѓу Шкендија и Вардар ќе биде последно и ќе се игра во понеделник, а утре на програмата е натпреварот Силекс – Пелистер.

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Во првиот дел од натпреварот видовме неколку интересни моменти, но без сериозни шанси за погодок, освен онаа на Трајков во 10 минута.Во вториот дел слична слика како во првиот, а најдоброто следеше во завршницата на натпреварот кога Гереро во 87 минута имаше идеална шанса сам да одлучи, но голманот Василов излезе како подобар во тој момент. На спротивната страна, во последната минута од регуларниот дел Димитриевски од добра позиција биеше над голот.

Гоце Михајлоски

ПМФЛ – 10 Коло
Сабота
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
СТРУГА Т.Л. – АП БРЕРА 2-4
Недела
СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР 14.30 ч
Понеделник
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 14.30 ч
Петок
ТИКВЕШ – АРСИМИ 3-4
БАШКИМИ – ШКУПИ 4-1