Измина и овој месец, кој се надеваме дека ќе го заокружиме со два добитни тикети. Затоа, подготвивме тикет со нашите пријатели од Златна Копачка со кој се надеваме дека успешно ќе ги типуваме следните шест пара. Зошто и како ги избравме, може да прочитате во кратката анализа подолу.

ЊУКАСЛ vs ФУЛАМ: 1

Домаќините играат во добра форма, а очекуваме добрата партија од Лигата на шампионите против Бенфика да ја репризираат против Фулам викендов. Затоа чиста победа за тимот од Сент Џејмс Парк и нови три бода на контото.

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД vs БРАЈТОН: 2+ ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ

Очекуваме голови, но место да играме 1+ во прво и 1+ во второ или можеби 3+, се одлучивме на оваа игра за зголемување на коефициентот. Брајтон игра напаѓачки фудбал, Манчестер Јунајтед дома ќе биде приморан да нападне, па затоа очекуваме мрежите да не мируваат од тресење, а на наша среќа се надеваме дека тоа ќе биде во второто полувреме.

АРСЕНАЛ vs КРИСТАЛ ПАЛАС: 1

Континуираната добра форма на топчиите нема зошто да не продолжи и викендов. Арсенал го пречекува Кристал Палас во малото лондонско дерби, а наш тип за овој дуел е сигурен 1.

НАПОЛИ vs ИНТЕР: ГГ

Југот на Италија очекуваме да се запали, бидејќи на стадионот Диего Марадона гостува најлутиот ривал на наполитанците од претходната сезона. Наполи е во лоша форма, нема победа три натпревари, но дерби си е дерби, па очекуваме и двете екипи да имаат свои моменти и барем по еднаш да ја затресат мрежата на противникот.

Б. ДОРТМУНД vs КЕЛН

Милионерите играа во Лигата на шампионите пред неколку дена, а за претстојниот дуел со Келн очекуваме да има 1-3 гола во прво и 1-3 гола во второ. Зошто? Зошто гостите ќе посакуваат да го искористат заморот во нозете на домаќините, а тимот на Нико Ковач веројатно ќе сака што побрзо да ја заврши работата. Затоа, наш тип за овој дуел е 1-3 во прво и 1-3 во второ.

Б. МЕХЕНГЛАДБАХ vs БАЕРН МИНХЕН ГГ

Мехенгладбах стандардно е нејнезгодниот противник за Баерн Минхен, кој фуриозно ја започна сезоната. Можеби нема да изгубат бодови ни тука, но очекуваме домаќините барем еднаш да ја затресат мрежата на Ноер.

Доколку ти се допаѓа овој предлог тикет, можеш да го уплатиш во било кое уплатно место на Златна Копачка до утре (сабота) до 15:29 часот со кажување на следниот код: 235808И да потсетиме, цел викенд во Златна Копачка добиваш ваучер на секој трет уплатен тикет.

Математиката е следна: Уплаќаш три, добиваш еден ваучер, па потоа повторно добиваш ваучер на шестиот, деветтиот и така натаму и така натаму.

Повеќе за оваа понуда можеш да прочиташ на: LINK