Репрезентативната пауза во домашниот фудбалски шампионат, ја искористија екипите на Македонија Ѓорче Петров и Вардар, да одиграат контролен (пријателски) натпревар.
Средбата што заврши со резултат 2-0 за Македонија Ѓ.П., сепак ја одбележува еден друг момент.
Имено станува збор за четворица млади вардарови таленти кои добија шанса да дебитираат сениорскиот состав на Вардар.
Огнен Здравковски, Тино Спасиќ и Матеј Митревски, како и голманот Никола Филевски (роден 2005 година) инаку син на долгогодишниот чувар на мрежата на црвено-црните Антонио Филевски.
На сите четворица им посакуваме успешни сениорски кариери, а тука да ги следи нивните настапи.