Одличните настапи на Дејан Манасков во дресот на Еурофарм Пелистер, го „принудија“ селекторот Кирил Лазаров да го врати во репрезентацијата.

Искусниот крилен ракометар, е во фантастична форма, а тоа го потврди со настапите во Лигата на шампионите и домашното првенство. Затоа Манасков се најде на поширокиот список на Лазаров за претстојниот собор на репрезентацијата.

Македонските ракометари во рамки на „ЕХФ неделата“ ” ќе играат две контролни средби против Јапонија. Натпреварите се предвидени за 30.11 (четврток) во спортската сала Автокоманда (натпревар од затворен тип) и на 01.11 (сабота) со почеток во 16:30 часот.

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објавува списокот на повикани ракометари за претстојната ЕХФ Недела.

Во рамки на ЕХФ Неделата нашите ракометари ќе оддиграат две контролни пријателски средби против сениорската селекција на Јапонија.

Наптреварите се предвидени да се оддиграат на 30.11 (четврток) во спортската сала Автокоманда (натпревар од затворен тип) и на 01.11 (сабота) со почеток во 16:30 часот.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ

Собирот се закажува на ден 27.10.2025 ( Понеделник) во 13:30 часот во хотел Александар Палас.

Следете нé на социјалните мрежи