Во машката ракометна Супер лига, денеска ќе се играат три натпревар од осмото коло.

Програмата ќе биде отворена со „братското дерби“ во Битола, односно натпреварот меѓу двете екипи на Еурофарм Пелистер.

Од 18.30 часот во Прилеп кај истоимена домашна екипа гостува засилениот Охрид во чиј редови деби треба да има македонскиот репрезентативец Јагуриновски.

Во вечерниот термин од 20 часот, ракометарите на Пролет ќе му се спротивстават на фаворитот Алкалоид.

Поради настапот на Тиквеш во ЕХФ Европскиот куп, дуелот во Радовиш ќе се игра во четврток.

Вчера, Вардар ја оствари осмата победа совладувајќи го Куманово на гостински терен по што црвено-црните го продолжија максималниот ефект. Очекувана победа славеше и тимот на Бутел во дуелот со Струга.

Следете нé на социјалните мрежи

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 8 КОЛО

Сабота
Е.ПЕЛИСТЕР 2 – Е. ПЕЛИСТЕР 13.00
ПРИЛЕП – ОХРИД 18.30
ПРОЛЕТ – АЛКАЛОИД 20.00
Четврток
РАДОВИШ – ТИКВЕШ 18.00
Одиграно
КУМАНОВО – ВАРДАР 25-32
БУТЕЛ – СТРУГА 30-27