Во недела ќе се одржат локалните избори 2025 во нашата земја. Тоа е причината поради која викендов релиси и да нема спорт на македонските спортски терени.

Фудбал, ракомет и одбојка воопшто нема да се игра. Единствени кои ќе бидат се ракометарите и ракометарките.

Утре (петок) и задутре (сабота) ќе се играат четири натпревари од 8 коло во машката Супер лига.

Недела ќе биде ден за локалните избори, но не и тотален мораториум за спортот во државава.

Имено, женската ракометна селекција на Македонија ќе има обврски во евро-квалификациите во кои ќе го игра натпреварот со Словенија. Тој дуел е закажан за во недела во Битола од 18 часот.