Во возбудлив натпревар од женската Супер лига, екипите на Ѓорче Петров и Металург одиграа нерешено 23:23.

Натпреварот започна подобро за гостинската екипа Ѓорче, која уште во воведните минути успеа да поведе со 4:1. Ѓорче продолжи во силно темпо и во 12-тата минута ја зголеми предноста на 7:2. Домашниот тим на Металург се обидуваше да ја намали негативата, но гостинките имаа целосна контрола и ја одржуваа предноста. Во 24-тата минута Ѓорче имаше водство од 12:8, но Металург успеа да се врати во игра и со серија на голови во финишот на првото полувреме стигна на само гол негатива (11:12). На пауза, Ѓорче замина со минимална предност од 13:12.

Во второто полувреме Ѓорче Петров продолжи во ист ритам и во 34-тата минута успеа да поведе со 17:13. Екипата не се опушташе и умешно ја одржуваше предноста во наредниот период. Металург не се предаваше и во неколку наврати се доближуваше, но Ѓорче успешно одолеваше на притисокот. Во финишот од натпреварот Металург успеа да се приближи на 22:23 во 58-тата минута, а потоа и да израмни на 23:23 во 59-тата.

Ѓорче имаше напад за ново водство, но не успеа да реализира, по што и Металург имаше шанса за целосен пресврт. Сепак, не ја искористија можноста, па натпреварот заврши без победник со изедначен резултат 23:23.

Ивона Кимовска