Во машката кошаркарска Супер лига, денеска ќе се одиграат четири натпревари.

Програмата ќе ја отворат вицепрвакот ТФТ и повеќекратниот шампион Работнички. Двата тима дијаметрално спротивно ја почнаа сезоната. Тимот од Тафталиџе стартуваше со гостинска победа во Гевгелија кај Кожув, а Работички со убедлив пораз (-40) од Пелистер. Имајќи ги во предвид проблемите со играчкиот кадар, тимот од „Градски парк“ и во овој дуел ќе влезе како аутсајдер.

Натпреварот ќе се игра во СЦ „Кале“ со почеток од 13 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Во попладневниот термин од 17 часот, закажани се останатите три денешни натпревари. Колото ќе биде комплетирано утревечер со дуелот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Феникс.

Вчера во првиот натпревар од ова коло, Пелистер убедливо со 30 разлика го победи Чаир.

Следете нé на социјалните мрежи

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 2.КОЛО

Сабота
13.00 ТФТ – РАБОТНИЧКИ
17.00 ТИКВЕШ – КОЖУВ
17.00 КУМАНОВО – МАЏАРИ
17.00 АНГЕЛИ – ГОСТИВАР
Недела
19.00 МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС
Петок
ПЕЛИСТЕР – ЧАИР 104:74