Дека Врвните доктори специјалисти од клиниката Жан Митрев се пасиониран љубители, но и активни во фудбалот потврди и неодамнешниот настан во Загреб.
Имено тимот на клиниката Жан Митрев „Wild hogs” одигра уште еден квалитетен натпревар во шут-бал „walking football“, против хрватскиот клуб „Mladi Starci“ од Загреб. Во присуство на лица од дипломатскиот кор на Хрватска, делегацијата на Здружението ‘‘Сиједе Вриједе‘‘, авторизиран претставник на Хрватската фудбалска федерација за промоција на овој вид спорт и публика, натпреварот заврши 2:2.
Како пто истакнуваат од реномираната македонска клиника – најголем победник беше самата идеја за шут-балот, новата спортска дисциплина која ја добива својата заслужена видливост и поддршка и во Македонија.
Настанот се одржа во организација на Клиника Жан Митрев, која е основоположник на овој спорт во нашата земја. Преку овој проект, Клиниката потврдува дека медицината и спортот можат да одат рака под рака кога целта е промоција на здравјето, физичката активност и инклузивноста.
Со оваа средба, Македонија и Хрватска уште еднаш покажаа дека спортот е најдобар мост за пријателство и соработка, а шут-балот, новиот симбол на здравје и заедништво. Дополнително, во просториите на Клиника Жан Митрев се одржа широк аудиториум за состојбите и условите во кој се развива овој спорт, а кој во светот добива неверојатна експанзија и се шири многу брзо. Беа разменети мислења, искуства и поставени се темели за посериозно понатамошно развивање на овој спорт , кој во Македонија навистина има голем потенцијал со оглед на тоа дека ова е спорт за лица во поодминати години и луѓе кои што сакаат да „стареат здраво“.
„Walking football“, познат и како шут-бал, претставува револуција во спортот: игра без трчање, со акцент на одење, рекреација, тимска игра и социјализација. Ова го прави идеален избор за повозрасни лица, пациенти во рехабилитација, хронично болни, дијабетичари, хендикепирани лица и за сите кои сакаат да водат активен и здрав животен стил
Екипата на Клиника Жан Митрев „Wild hogs” е веќе редовен учесник на меѓународни турнири, претставувајќи ја Македонија во овој спорт како основоположник, борец за развој и промотор на нешто што во европски и светски рамки е во апсолутна експанзија создавајќи свои национални лиги и федерации.
Со поддршка од FIFA и UEFA, овој спорт бележи глобален раст и станува препознаен како здравствено корисна и безбедна алтернатива на традиционалниот фудбал. Преку ваквите меѓународни натпревари, Клиника Жан Митрев ја зајакнува својата мисија, да создаде движење што ќе ја шири културата на спортот и здравиот начин на живот во Македонија и регионот“.

































