Викендов во Втора машка кошаркарска лига се играат натпреварите од 20-ото коло.
На три рунди до крајот се разгорува битката за место во разигрувањето, во кое сигурни се четири екипи (Вардар, Соколи, Работнички и Ангели), додека една победа предност о однос на останатите влегува Куманово, а велешки Борец Баскет, не само од себе, туку ќе зависи и од резултатите на конкурентите.
Рундата ја отвораат Ангели и Шкупи тим кој во вториот дел од сезоната игра одлично, но чаирчани се под императив дека мора да победат, за да останат во трка со другите.
Истото важи и за екипите на Водно санс и МЗТ Скопје У.Б. но тие би требало да имаат далеку полесна работа бидејќи играат против веќе „отпишаните“ Баскет Кам и Црн Дрим. И Борец Баскет ќе има тешка задача бидејќи го пречекува составот на штипски Соколи кој е на 2.место на табелата.
Дербито ќе се игра во малата сала во СЦ „Кале“ каде лидерот Вардар го пречекува трето рангираниот Работнички.
КОШАРКА ВТОРА ЛИГА 20.КОЛО
САБОТА
17:00 АНГЕЛИ – ШКУПИ
18:30 ЦРН ДРИМ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
19:00 БОРЕЦ БАСКЕТ – СОКОЛИ
20:00 ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (овој натпревар може да го гледате во ЖИВО ОВДЕ)
НЕДЕЛА
18:30 ГКК ОХРИД – МКК КУМАНОВО
20:00 ВОДНО САНС – БАСКЕТ КАМ