Една третиот од првиот дел од сезонава во Првата македонска фудбалска лига е зад нас.

По одиграните 8 првенствени кола, екипите на Струга ТЛ, Вардар и Шкендија полека се издвојуваат во трката за титулата. Ова откако шампионот Шкендија му го нанесе третиот пораз во низа на Силекс, па сега кратовци заостануваат 7 бодови зад лидерот Струга ТЛ.

Стружани имаат два бода повеќе од конкурентите, а во следното коло ги очекува големото дерби со Вардар во Скопје.

Пријатно изненадување е повратникот во прволигашката конкуренција Башкими кој е веднаш зад водечкиот квартет и кој прикажува одлични игри.

Затоа пак, далеку од очекувањата се резултатите на Работнички и Тиквеш пред се, тимови кои имаа амбиции за висок пласман. Во резултатска криза е и битолски Пелистер кој врза пет порази во низа. Тимот на Шкупи пак, полека но сигурно може да го „отпишеме“ од конкурентен, барем за опстанок. Чаирчани на осумте одиграни натпревари немаат освоено ниту еден бод.

Како мина осмата рунда во Првата лига, може да погледнете во продолжение.
Она што сте го пропуштиле досега, ГЛЕДАЈТЕ ГО ОВДЕ (низ прегледите на колото) во соработка со Македонски Фудбал и Mfl.mk 

ПРЕГЛЕДИТЕ ОД СИТЕ ОДИГРАНИ КОЛО ДОСЕГА ВО ПМФЛ МОЖЕ ДА ГИ ГЛЕДАТЕ ОВДЕ