Убава вест доаѓа од Куманово, каде денеска се случи непријатен момент со еден млад навивач на ФК Башкими.
Имено за време на натпреварот од ПМФЛ меѓу Башкими и Вардар младиот Ноарин падна од трибината по што мечот веднаш беше прекинат. Брзата реакција на организаторите и медицинскиот тим веднашбеше префрлен во болница.
Од кумановскиот клуб информираа дека момчето е во добра состојба.
Почитувани родители, навивачи и пријатели на клубот,
За време на денешниот натпревар против Вардар, се случи инцидент со еден наш мал навивач, Ноарин.
За среќа, по итната интервенција на родителите и медицинскиот персонал, неговото здравје е одлично и надвор од опасност.
Ноа добро оди и ја добива целата грижа што му е потребна. Им благодариме на сите оние кои изразија загриженост и солидарност