Натпреварот од 8.коло во Првата лига, меѓу Башкими и Куманово беше прекинат во 54-тата минута. Причина за тоа е немилиот настан што се случи на трибините.
Имено еден навивач на домашниот тим падна од трибината, по што натпреварот беше прекинат.
По брзата реакција на организаторите од тимот на Башкими и медицинскиот персонал, повредениот навивач со амбулантно возило веднаш е пренесен во болница.
Што се однесува до натпреварот, тој минува во фер и коректна игра.