Супер ракометното македонско дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се игра во среда.
Дуелот на вечните ривали привлекува големо внимание, не само кај македонската туку и спортската јавност во регионот.
Вардарци денеска ги повикаа своите навивачи „Комитите“, во што е можно поголем број да бидат нивниот „осми играч“.
Два дена не делат од големото дерби во кое покрај борбата на теренот ќе биде потребна и голема поддршка од трибините!
Песната на верните Комити и илјадниците Вардарци кои во среда ќе го обојат храмот на ракометот во црвено-црна боја ќе бидат нашиот најголем сојузник и нашиот најголем мотив во борбата за нова победа!
Спремете ги шаловите и чувајте го гласот!
Во среда, црвено-црната нека доминира!
Дуелот меѓу Вардар и Е.Пелистер што ќе се игра во среда во СЦ „Јане Сандански“ е закажан во 19 часот.
Продажбата на картите е во тек, а може да ги купите овде (линк)