Екипата на Крива Паланка успешно го започна натпреварувањето во ВАБА 2 лигата. Во 1.коло од новата сезона во женската регионалната лига, избраничките на тренерот Виктор Петровски беа подобри од Подгорица со 58:45.
Тоа е прв, и историски успех на женскиот колектив од Крива Pаланка во европска конкуренција
Одличен вовед во натпреварот имаа домашните кошаркарки. Практично во првите десет минути од играта се стекнаа со двоцифрена предност, која се покажа подоцна, дека беше доволна и за конечен успех.
Аби Нијхуес дојде до дабл-дабл од 18.поени и 15.скока, Алексис Пул додаде 17.поени и 8.скока (и три додавања), Даја Грин заврши со 11.поени, плус 6.скока и 4.асистенции, додека Михаела Алексовска реализираше 10.поени (три асистенции и два скока).
Нема да имаат многу време за радост кошаркарките од Крива Паланка. Тие веќе утре, од 15.часот пред својата публика во салата „Бранители 2001“ ги чека дуелот од второто коло против екипата на РМУ Бановичи.