Знаевме дека кога-тогаш упорноста ќе ни се исплати. Вторничкиот предлог-тикет конечно ни донесе сефте добивка, па денес повторно типуваме за слична добивка.
Денешното издание на билтенот на Златна Копачка е преполн со зицери и одлични коефициенти, а ние издвоиме само шест пара со кои ќе се обидеме да врземе два добитни предлог-тикети.
Ова е нашата замисла:
КРИСТАЛ ПАЛАС – ЛИВЕРПУЛ: Вкупно голови 3+
Палас и Ливерпул сезонава веќе одиграа еден меѓусебен дуел, по 120 минути игра во Комјунити шилд резултатот беше 2-2, а Палас го доби пенал-рулетот. Сега како единствените две непоразени екипи во Премиер лигата, се очекува повторно да приредат возбудлив меч исполнет со голови.
ТОТЕНХЕМ – ВУЛВЕРХЕМПТОН: Домаќинот да постигне 1+ гола во прво и 2+ гола во целиот меч
Тотенхем со Постекоглу во две сезони не успеа да ги совлада Волците на домашен терен, па сега Томас Франк мора да ја прекине таа лоша мини-серија. Сепак, нема да бараме победник во овој дуел, туку очекуваме домаќините да постигнат барем два гола, од кои еден да биде во првото полувреме.
РОМА – ВЕРОНА: Победа домаќин
Освен поразот од Торино, Рома делува разиграно под водство на Гасперини, па затоа и типуваме Волчицата да ја искористи фаворитската улога. Според претходните меѓусебни дуели, Рома славеше во 4 од последните 5, па нека продолжи серијата и во оваа средба.
ВОЛФСБУРГ – ЛАЈПЦИГ: Реми или победа на гостинот и 2+ гола
Домаќините три меча немаат победено, додека Лајпциг цели на четврти триумф во низа во Бундеслигата. Иако е тешко според минатите меѓусебни дуели да се предвиди кој би можел сега да ги освои трите бода, ние играме претпазливо со двојната шанса, а сигурни сме дека ќе има барем два гола.
МИЛАН – НАПОЛИ: Гол-гол
Ќе биде дерби во вистинска смила на зборот. Росонерите се во серија од четири победи, додека Наполи има перфектен учинок во Серија А со 5/5 победи. Историјата вели дека голови дефинитивно ќе има, а ние бараме по еден на двете страни.
ВАЛЕНСИЈА – РЕАЛ ОВИЕДО: Победа домаќин
Тимот на Столе Димитриевски сезонава ќе нема многу прилики во кои ќе биде фаворит, па затоа оваа ретка шанса мора да се искористи. Лилјаците ја отворија сезоната со по две победи, две ремија и два порази, а за нови три бода не би требало да имаат проблеми против Овиедо, како тим на кој му се предвидува испаѓање од елитата.
Предлог-тикетот го уплаќаме стандардно со 200 денари, а доколку се решите овојпат да се потпрете на нашата визија, кодот за уплата можете да го искористите до утре до почетокот на првиот натпревар.
КОД: 130055
