Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер немаат многу време за одмор. Откако завчера го одиграат третиот натпревар во Лигата на шампионите, денеска тие имаат нов натпревар.
Во рамките на македонската Суперлигашка конкуренција пелистерци, како апсолутни фаворити го пречекуваат составот на Струга.
Натпреварот што се игра во Битола почнува од 18 часот, а е воведниот во четвртото коло.
Оваа рунда ќе биде одбележана, а воедно и затворена со натпреварот во Кавадарци. Таму ракометарите на Тиквеш во сабота ќе го пречекаат лидерот на табелата скопски Вардар.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) 4 КОЛО
Петок
Е. ПЕЛИСТЕР – СТРУГА 18.00 ч
Сабота
РАДОВИШ – АЛКАЛОИД 18.00 ч
Е. ПЕЛИСТЕР 2 – ОХРИД 18.30 ч
ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ 18.00 ч
КУМАНОВО – БУТЕЛ 19.00 ч
ТИКВЕШ – ВАРДАР 20.00 ч





































