Големото македонско ракометно дерби ќе се игра на 1 октомври (среда) во Скопје.
Вицепрвакот Вардар ќе биде домаќин на шампионот Еурофарм Пелистер во „мега“ пресметката што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“.
Картите за овој ракометен спектакл веќе се пуштени во продажба, онлајн преку платформата ticketx.com.mk
и на билетарницата на салата, секој работен ден од 10 до 18 часот, почнувајќи од денеска (четврток 25 септeмври)
Цените на билетите се: Блок А2, А3, А5 и А6 – цена – 300 денари
Блок 1, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14, 15, 16 – цена – 250 денари






































