Актуелниот македонски шампион Шкендија ја запиша петата првенствена победа. Тетовци попладнево во заостанат натпревар од 4.коло, како гости во Скопје го победија Работнички со 1-0.

Досадно прво полувреме одиграа двата тима, во кое малубројните љубители на фудбалот видоа само три непрецизни удари кон двата гола.

Затоа подинамично, барем за нијанса, мина вториот дел. Ова особено по 67.минута кога гостите го отворија резултатот. А, тоа се случи по кардиналната грешка на одбраната на Работнички, која ја искористи Тамба по асистенција на Мазари.

Во 75.минута Трајков не искористи голема шанса за Работнички да стигне до израмнување. До крајот на мечот немаше посериозни шанси, па резултатот остана не променет.

Со новите три бода и вкупно 17, тетовци се пробија на третото место на табелата со два помалку од Струга ТЛ и Вардар, а два повеќе од Силекс.

Работнички остана на претпоследното 11.место со само 4 освоени бодови.