Фудбалерите на Милан ја потбрдија фаворитската улога во дуелот со Лече во шеснаесетина финалето на Купот на Италија.

Пред своите навивачи тимот на Милан славеше лесно у убедливо со 3-0. Работата им ја олесни и гостинскиот фудбалер Либерт кој во 18.минута заработи црвен картон.

Тоа избраниците на Алегри знаеја да го казнат па со головите на Хименез (20), Нкунку (51) и Пулишиќ (64), лесно стигнаа до победата.

Тимот на Милан во осминафиналето за противник ќе го има Лацио против кој ќе игра во Рим.

Следете нé на социјалните мрежи