Фаворитите тешко се спраија со аутсајдерите во третата рунда на англискиот фудбалски Карабао или ЕФЛ Куп.

Шампионот Ливерпул пред своите навивачи на „Енфилд“ го скрши отпорот на Саутемптон дури во вториот дел. Откако црвените поведоа преку Исак (43.минута), гостите од Саутемптон израмнија преку Чарлс (76). Во финишот на натпреварот Екитике стапи на сцена. Прво го израмни резултатот во 85.минута, а веднаш потоа заработи втор жолт картони и предвреме го заврши натпреварот.

Лондонски Челзи беше во уште по завидна ситуација. На гостувањето кај третолигашот Линколн, лондонските „сини“ по првото полувреме имаа негатива од 1-0. Сепак во вториот дел со головите на Џорџ и Бонаноте со два брзи гола (48 и 50.минута), напра вика комплетен пресврт за пласман во осминафиналето.

Следете нé на социјалните мрежи

Барнсли – Брајтон 0:6
Барнли – Кардиф 1:2
Фулам – Кембриџ 1:0
Линколн – Челзи 1:2
Виган – Викомб 0:2
Вулверхемптон – Евертон 2:0
Рексам – Рединг 2:0
Ливерпул – Саутемптон 2:1