Дерби дуелот во првата рунда од евро-квалификациите и тоа од нашата Ц група, се игра во Неапол на стадионот „Диего Марадона“, каде Италија ја пречекува Англија во реприза на финалето од последното Европско првенство..

Гостите на полувремето имаат два гола предност.

Англичаните поведоа многу рано уште во 13-тата минута кога фудбалерот на Вест Хем, Деклан Рај најдобро се снајде во шеснаесетникот на домаќините по корнерот изведен од десната страна.

Во финишот на првиот дел, односно 44-минута, Хари Кејн го постигна вториот гол за водство на Англија од 2-0.