Акруелнуот македонски првак Шкендија ја впиша четвртата победа сезонава.

Во натпреварот од 7.коло на Првата лига, тетовци го совладаа кавадаречки Тиквеш со 1-0.

Први се заканија гостите од Кавадарци во шестата минута, кога ударот на Стојанов го одбрани Гаје. Љатифи имаше голема можност во дваесетта минута да го открие резултатот биеше од косо крај левиот директ од голот на Тиквеш. Дека голманот на Шкендија, Гаје е во добра форма, тој потврди во 40.минута по обидот на Тодоров. Пропуштените шанси на кавадарчани, шампионот Шкендија ги казни во 36-та минута кога Спахиу донесен водство на домаќините од 1-0.

Во вториот дел, односно 70.минута Стојанов од само од 3-4 метри го префрли голот на тетовци, не реализирајќи идеално шанса за израмнување. Иако до крајот на натпреварот имаше по две шанси на обете страни, резултатот остана не променет.

Ова беше првиот од двата денешни натпревари во оваа рунда. Вечерва од 20 часот на арената Тодор Проевски ќе се игра скопското дерби меѓу Вардар и Работнички.

Следете нé на социјалните мрежи