Многу малку недостасуваше, или поточно само еден гол на Тотенхем во вторникот, за да имаме добитен предлог-тикет и тоа само со дуели од Лигата на шампионите. Од шест типови кои ги одбравме, се чекаше само втор гол на Петлите во средбата против Виљареал, што значи дека сме многу блиску да составиме добитна комбинација и веруваме дека токму денес го имаме рецептот за добивка.

Ова се нашите шест предлози:

БРАЈТОН – ТОТЕНХЕМ: 1+ гола во прво и во второ полувреме

Тимот на Томас Франк овојпат не смее да нѐ разочара, во дуелот против Брајтон се очекуваат многу голови. Галебите играат отворен фудбал, што е добра вест за гостите од Лондон, па затоа и типуваме да се тресат мрежите барем по еднаш во двете полувремиња.

БОРНМУТ – ЊУКАСЛ: Гол-гол

Борнмут и оваа сезона ќе биде трн во око за фаворитите во Премиер лигата, посведочи на тоа и Тотенхем, како и Ливерпул кој се мачеше против Црешите во првото коло. Сега на ред е Њукасл кој пред неколку дена претрпе пораз од Барселона во ЛШ, па тимот на Ирајола ќе се обиде да фрли сол на раната. Ако Њукасл има сили, ќе се гледа цврст дуел во кој ќе има барем по еден гол.

РЕАЛ МАДРИД – ЕСПАЊОЛ: Домаќинот да постигне 2-4 гола

Кралевите не би требало да имаат проблем да го одржат максималниот учинок и по пет кола во Ла Лига. Тимот на Алонсон речиси сигурно ќе ја искористи фаворитската улога и домашниот терен за да го надигра Еспањол, а сега кога Мбапе е разигран и полека се составуваат коцките, да се очекуваат до четири гола на домаќините е сосема реална опција.

ВЕРОНА – ЈУВЕНТУС: Реми или победа на гостите и да постигнат 2+ гола

Разигран Јувентус е она што му недостасуваше на Калчото, а кога Старата дама ќе врзе два меча во кои постигна 8 гола, и тоа против Интер и Дортмунд, нормално е да се зголемат очекувањата за тимот кој го води Игор Тудор. Од Јуве ни треба само да не загубат на гостувањето кај Верона, но и да постигнат барем два погодоци.

ИНТЕР – САСУОЛО: Победа домаќин и 1+ гола во прво полувреме

Никој не очекуваше два порази на Интер во воведните три кола во Серија А, па затоа дуелот против повратникот во елитата се гледа како „must win“ за Нероаѕурите. Избраниците на Киву издоминираа во Амстердам пред неколку дена, а формата од победата над Ајакс треба да ја пренесат и во пресметката со Сасуоло.

ЛАЈПЦИГ – КЕЛН: Победа домаќин

Црвените бикови постепено ја креваат формата по дебаклот од Баерн во премиерното коло, а следен тим преку кој може да стигнат до нови три бода е Келн. Лајпциг многу лесно може да ја оправда фаворитската улога, ако се знае дека на домашен терен речиси редовно го нагдигрува расположениот Келн.

Со вложени 200 денари добиваме солидна добивка, но секако изборот е ваш со колку ќе уплатите доколку го искористите кодот за брза уплата од нашиот предлог-тикет. Можете да го сторите тоа до утре до 16 часот, кога почнуваат првите натпревари.

КОД: 104660

Следете нé на социјалните мрежи