Македонскиот борач Владимир Егоров ќе има шанса да освои медал на Светскиот шампионат.
На првенството што се одржува во Загреб, Егоров утринава оствари важна победа и тоа со технички туш. Тој во репасажот со 10-0 го победи Канаѓанецот, Саундрес.
Со тоа Егоров се здоби со шанса за медал па во попладневната програма ќе се бори против Узбекистанец, Абдулаев.
Со победа својот настап на Мундијалот го почна и Могамедгаџи Нуров. Во првата борба против Нисан Рандхава, македонскиот репрезентативец славеше победа си тесен резултат и се избори за осминафиналната рунда. Во неа Нуров за противник ќе го има Ахмад Таџудинов од Бахреин




































