По репрезентативната пауза продолжуваат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига. Од денеска до недела, на програмата се дуелите од петтото коло, а ќе се играат по два дневно.

Првиот е попладнево во Тетово каде актуелниот шампион Шкендија го пречекува новајлијата во прволигашкото друштво составот на Башкими. Тетовци досега остварија два триумфи, но од играј реми против дебитантот Арсими во последната рунда. Тоа е повеќе од доволен аларм за актуелниот првак, дека денеска во дуелот против кумановци мора да влезат многу внимателно и ангажирано. Гостинскиот тим како и тетовци досега собра седум бодови и се наоѓа веднаш зад нив на петтото место на првенствената табела. Овој натпревар ќе стартува во терминот од 15 часот и триесет минути.

На арената „Тодор Проевски“ во ”, во Скопје, вечерва ќе се игра под рефлектори. Од 19 часот ќе започне дуелот меѓу Вардар и Македонија Ѓорче Петров. Двата тима има дијаметрално спротивен старт на сезоната. Вардарци почнаа со три триумфи и едно реми пред својата публика со АП Брега. „Лавовите“ од Ѓорче по трите врзани порази на стартот на сезоната, во последната рунда се израдуваа на триумф над Пелистер.

Двата натпревари може да ги следите ни тв пренос, на програмите на МРТ2 и МРТ3.

Следете нé на социјалните мрежи

ПМФЛ 5 КОЛО

Петок
ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ 15:30 часот
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 19:00
Сабота
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 15:30
АП БРЕРА – ШКУПИ 15:30
СТРУГА Т.Л. – ТИКВЕШ 15:30
Недела
ПЕЛИСТЕР – АРСИМИ 19:00