Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром, повторно во своите редови ќе го има американскиот кошаркар Хуан Дејвис.

Станува збор за 29 годишен играч (203 см) кој настапува на позицијата силно-крило, со веќе зад себе богато меѓународно искуство.

Дејвис е познат на македонската јавност, од сезоната 2021/2024, кога го носеше сино-белиот дрес на аеродромци. Американецот, потоа мина две сезони во хрватскиот Задар, но нема податоци за негов ангажман во текот на минатата сезона.

Дејвис треба да ја засили играта под обрачите на макеоднскиот првак, кој покрај домашните обврски и во претстојната сезона ќе игра во АБА2 лигата.