Фудбалерите на Брајтон направија големо изненадување совладувајќи го фаворизираниот Манчестер Сити и тоа со преврт.

Популарните „граѓани“ од Манчестер, го претрпеа вториот пораз, во третиот одигран натпревар, и тоа со 2:1 на гостувањето кај Брајтон.

Иако сити важеше за фаворит и прв поведе со голот на Халанд во 34.минута, сепак не успеа да се израдува за победа.

За тоа домаќините се погрижија во второто полувреме. Прво Џејмс Милнер од пенал во 67.минута израмни на 1-1.

За голема радост на домашниот тим и навивачи се погрижи Брајан Груда кој во 89.минута со мајсторски гол донесе голем триумф на тимот на Брајтон.

Следете нé на социјалните мрежи