Во Првата македонска фудбалска лига денеска ќе се играат два нови натпревар од четвртото коло.
„Лавовите“ од Ѓорче Петров ги бркаат првите бодови во дуелот со битолски Пелистер. Ѓорчепетровци стартуваа со три порази, па сега пред своите симпатизери ќе се обидат да ја прекинат таа низа.
Од друга страна, битолчани по стартниот пораз (Вардар), врзаа две победи (АП Брера и Шкупи), па и тие се надеваат на продолжување на низата.
Во Кавадарци, локално дерби меѓу Тиквеш и струмичка АП Брера. Двата тима во сезоната влегоа со различни амбиции, кавадарчани за висок пласман, струмичани во борба за опстанок. Сепак по трите одиграни натпревари досега и двете екипи имаат идентичен „скор“ по едно „реми“ и два порази.
Ќе се израдува ли некога од овие две екипи на првиот триумф останува да видиме во мечот што ќе почне од 16.30 часот.
Истовремено ќе стартува и натпреварот во Ѓорче Петров, а тој ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.
ПМФЛ 4. КОЛО
денеска
ТИКВЕШ – АП БРЕРА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР
вчера
АРСИМИ – СИЛЕКС 0-1
БАШКИМИ – СТРУГА Т.Л. 0-5
Петок
ШКУПИ – ВАРДАР 2-4
одложен
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА




































