Два натпревари попладнево беа одиграни во рамките од четвртото коло на Првата фудбалска лига.

Екипите на Силекс и Струга Трим Лум ги оправдаа улогите на фаворити во дуелите со Арсими и Башкими. Кратовци и стружани по овие натпревари ги остварија четвртите свои победи.

Арсими – Силекс 0-1

На дуелот во Гостивар, екипата на Силекс го победи дебитантот Арсими со 1-0.

Гостите од Кратово поведоа во 17.минута со голот на Мирчевски, а по акцијата и одличното нафрлување на Рајков. Имаа уште неколку шанси, постигнаа гол кој беше поништен поради офсајд, па кратовци на полувреме заминаа со минимална предност.

Иако се играше отворено и динамично и во вториот дел, сепак резултатот остана не променет.

Башкими – Струга Трим Лум 0-5

И во Куманово, победа славеа гостите и тоа Струга ТЛ која убедливо го совлада Башкими.

Откако во 23.минута домашниот тим остана со играч помалку (Симоновски заработи црвен картон), веднаш следуваше казната.

Во 24.минута по нафрлувањето од левата страна, и по „карамбол“ во шеснаесетникот на Арсими, најдобро се снајде Басиру и донесе водство на стружани. Веќе во 36-тата минута стружани имаа и два гола предност. Повторно по нерешителноста на домашната одбрана, Радески ја искористи шансата која му се укажа и погоди за 2-0 за Струга ТЛ.

Во второто полувреме во листата на стрелци се запишаа и: Компаоре (56.минута),капитенот Шабани (67) и Малески за 5-0 за стружани.

Потсетување дека и Вардар вчера славеше на гостински терен (неутрален) против Чаир со 4-2. За утре се закажани два нови натпревари.

Токму овие три екипи кои славеа победи се на првите три позиции на табелата (Силекс и Струга ТЛ по 12, Вардар 10 бодови…).

Следете нé на социјалните мрежи

ПМФЛ 4. КОЛО 16.30 часот

Сабота
АРСИМИ – СИЛЕКС 0-1
БАШКИМИ – СТРУГА Т.Л. 0-5
недела
ТИКВЕШ – АП БРЕРА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР
Петок
ШКУПИ – ВАРДАР Струмица 2-4
дополнително ќе биде одреден термин
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА