Ракометната федерација на Македонија, го потврди терминот и местото на одигрување на ракометниот Супер Куп на Македонија.
Како вовед во новата сезона, во првиот натпревар ќе играат шампионот Еурофарм Пелистер и освојувачот на Купот, Вардар.
Натпреварот ќе се игра на неутрален терен во Кавадарци, во салата „Јасмин“ на 3 септември од 19 часот.
Инаку Е.Пелистер и Вардар до тој меч веќе ќе имаат два одиграни меѓусебни натпревари. првиот беше оној на турнирот во Охрид кој им припадна на битолчани.
Вториот ќе се игра во сабота во СЦ „Борис Трајковски“, а во рамките на регионалниот турнир во организација на РФМ.





































