Екипата на Беласица е седмиот патник во осминафиналето на Купот на Македонија.
Ова откако попладнево во Струмица, Беласица го елиминира прволигашот Арсими по подобро изведување на пенали со 3-2. Регуларниот дел заврши нерешено 2-2.
Покрај Беласица од второлигашките екипи пласман во осминафиналето обезбедија и Охрид, Брегалница и Детонит Плачковица.
Од прволигашите екипи кои настапија досега место во осминафиналето обезбедија: Работнички, Македонија ЃП и Силекс
Последните осминафиналисти ќе ги дознаеме дури 10 септември, по репрезентативната пауза, за кога се закажани последните три натпревари.




































