Шест натпревари се одиграат попладнево во рамките на првата (1/16 финална) рунда во фудбалскиот Куп на Македонија. Во нив, прволигашите екипи, исклучок на струмичка АП Брера, ја оправдаа улога на фаворити и се пласираа во следната рунда.

Најубедлив беше Работнички кој со славеше на гостувањето кај Карбинци со неверојатни 16-0. Иако настапија во улога на гости, фудбалерите на Македонија својот натпревар против Љуботен ќе играат на стадионот во Ѓорче Петров, а славеа со 14-0.

Тимот на Силекс немаше проблеми против битолскиот Еротип кого го порази со 7-1. Убедлива беше и штипска Брегалница која славеше со 6-0.

Единствената победа на домаќините ја оствари Охрид кој по подобро изведување на пенали ја елиминира АП Брера. Покрај Охрид од второлигашите пласман во следното коло (1/8 финале) обезбеди и Детонит Плачковица.

За утре е закажан еден натпревар и тоа во Струмица каде Беласица ќе го пречека Арсими.

Последните осминафиналисти ќе ги дознаеме дури 10 септември, по репрезентативната пауза, за кога се закажани последните три натпревари.

ФУДБАЛ – КУП НА МАКЕДОНИЈА
1/16 финале

КАРБИНЦИ – РАБОТНИЧКИ 0-16
ЉУБОТЕН – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-14
ЕВТОТИП – СИЛЕКС 1-7
ОХРИД ЛИХНИДОС – АП БРЕРА 6-5 на пенали (1-1)
ПОБЕДА ВАЛАНДОВО – БРЕГАЛНИЦА 0-6
БАШКИМИ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 1-4
утре (среда) БЕЛАСИЦА – АРСИМИ 16:00 часот

Следете нé на социјалните мрежи