Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, стартуваше со интересни дуели и голем број на постигнати голови.

Новитетот, натпреварите да се играат во повеќе денови, на стартот се покажува како одлична идеја. Сите натпревари беа и ќе бидат пренесувани на националниот сервис МРТ, па интересот на мак-фудбалот очигледно ќе биде дополнително зголемен.

Пред нас е втората рунда, која исто така ќе се игра во четири дена од петок до понеделник.

Со два натпревари, во Кавадарци и Гостивар што ќе се играат во петок, ќе стартува второто коло. Тиквеш по Работнички го пречекува Вардар пред својата публика, а новајлијата Арсими против Струга Т.Л. ќе го игра својот прв домашен натпревар во ПМФЛ.

И во сабота ќе има двојна програма и тоа во Скопје. Во Ѓорче Петров кај Македонија ќе гостува шампионот Шкендија, а ан „Тодор Проевски“, Работнички е домаќин на Башкими.

За во недела и понеделник предвидени се по еден натпревар.
Шкупи наместо на Чаир своите домашни натпревари ќе ги игра на друг терен. Засега, чаирчани немаат определено каде ќе го пречекаат кратовски Силекс. Постојат две варијанти, едната мечот да се игра во Гостивар и втората (поверојатна) во Куманово. Овој меч е закажан за недела, а во понеделник во Струмица, АП Брера ќе го угости битолски Пелистер.

Сите натпревари ќе се играат во терминот од 17 часот, а ќе може да ги гледате низ директен ТВ пренос на МРТ и овде (линк).

Следете нé на социјалните мрежи