Сара Цветановска е новото засилување на екипата на ЖРК Металург Автокоманда.
Ова ќе биде првиот клуб во кој ќе настапува надвор од матичното Куманово, каде што досега ја градеше својата кариера. Цветановска, која игра на позицијата пивот, во Куманово ја имаше клучната улога и важеше за една од најзначајните ракометарки во тимот.
Претходно, Металург Автокоманда се засили со Слободанка Кицеска, Ива Божиноска, Анастасија Николовска, Петра Јершек и Ана Марија Коларовска, кои минатата сезона настапуваа за Ѓорче Петров, како и со Сара Ристовска, која доаѓа од Вардар.
Клубот ги продолжи договорите со голманката Софи Гошевска, десните крила Мина Ѓурческа и Марија Гугуљанова, левите крила Сара Миновска и Јана Ѓошевска, кружните напаѓачи Ивана Димоска и Александра Коловска, како и левите бекови Таида Беровиќ и Марија Јанкуловска.
Ивона Кимовска





































