Со натпреварот одигран попладнево во Кратово, каде Силекс ја пречека струмичка АП Брера, комплетирано е 1.коло од новата сезона во ПМФЛ.
Фудбалерите на Силекс ја впишаа првата победа совладувајќи ја АП Брера со 5-0.
Првата посериозна шанса за гол ја имаа домаќините во 13-тата минута. По корнерот од десната страна, Алиќ со глава биеше над голот на гостите. Во 28.минута гостите останаа со играч помалку. Величковски невнимателно стартуваше опасно, а судијата Трпчевски директно покажа црвен картон. До кракот на полувремето не видовме ниту една вистонбслка шанса, па резултатот остана почениот (0-0).
Затоа пак во вториот дел Силекс брзо го скрши отпорот на струмичани.
Во 47.минута Португалецот, Мигел Перез го реализира одличното нафрлување на Рајков од десната страна. Веќе во 52-тата Ефтимов зголеми на 2-0. Само три минути подоцна (55) можеше да биде и 3-0, но ударот на Ангелески заврши во гредата од гостинскиот гол. Затоа пак 57-мата Донов успеа да реализира за трет гол за Силекс.
Кристијан Велиносвки во 84-тата минута зголеми на 4-0, а во 90-тата Перез ги постави конечните 5-0. Домаќините може да жалат што победата не беше и поголема, бидејќи во три наврати ја погодија рамката од голот на АП Брера.
Со овој натпревар заврши четиридневната програма од премиерното коло. И второто исто така ќе се игра четири дена, почнувајќи од петок – 15 август.
ПМФЛ 1 КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 5-1
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 4-1
БАШКИМИ – АРЕСИМИ 1-1
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 0-0
СИЛЕКС – АП БРЕРА СТРУМИЦА 5-0