Август секогаш е предвиден за завршницата од квалификациите во натпреварувањата на УЕФА, а тоа е добра шанса за нас да ги тестираме нашите типстерски способности. Блиску сме до добивка, а уште поблиску кога ги користиме најдобрите игри од богатата понуда на Златна Копачка.

За овие денови, издвоивме шест парови:

ШКЕНДИЈА – КАРАБАХ: Гол-гол

Шкендија обезбеди европска есен, но тоа не го спречува македонскиот првак да сонува за пласман во ЛШ. Овие први 90 минути од двомечот со Карабах ќе бидат клучни за конечниот пласман на тетовчани, а ние типуваме да има голови на двете страни на Арената во Скопје.

ДИНАМО КИЕВ – ПАФОС: Победа домаќин

Украинскиот првак има амбиции да стигне до лигашкиот дел во ЛШ, но прво треба да ја помине пречката наречена Пафос. Во улога на домаќин Динамо речиси сигурно ја добива оваа средба, иако првпат ќе ги одмери силите со кипарскиот противник.

МАЛМЕ – КОПЕНХАГЕН: 1+ гола во прво и 1+ гола во второ полувреме

Скандинавското дерби многу веројатно ќе биде исполнето со голови, иако двете екипи ќе одиграат двомеч по шест години пауза. Меѓусебниот скор е по една победа и едно реми, дуели во кои немало повеќе од два гола. Сега посакуваме сосема поинаков учинок, односно во двете полувремиња да падне барем по еден погодок.

ЛЕХ ПОЗНАН – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА: 0-2 гола во прво и 1-3 гола во второ полувреме

Звезда е во перфектна форма и 4/4 откако почна сезоната, со учинок од 17 постигнати гола во квалификациите и премиерните кола во српското првенство. Поради тоа гостите од Белград се фаворити, напоредно што изминативе години се редовни учесници во Лигата на шампионите. Во овој прв дуел очекуваме ефикасни изданија на двете екипи во двете делници од по 45 минути.

БАЗЕЛ – ЈАНГ БОЈС: 1-3 гола во прво и 1-3 гола во второ

Швајцарското дерби меѓу двата последни шампиони се очекува да биде ефикасно како во четири од последните пет меѓусебни дуели. Младите момци водат со 4-1 во победи во изминатиов период, а ние овојпат се потпираме на напаѓачките квалитети на двете екипи.

РОЗЕНБОРГ – ХАМАРБИ: Домаќинот да постигне 1+ гола во второ полувреме

Мајнц го чека победникот од овој двомеч, а според квотите тоа треба да биде Розенборг. Најтрофејниот норвешки клуб првпат ќе се сретне со претставникот од Шведска, а како фаворит Розенборг не би требало да има проблем да постигне барем еден гол во второто полувреме.

Тикетот со натпревари од денес до четврток може да го уплатит до 19 часот со шифрата за брза уплата. Колку ќе вложите е сосема ваша одлука, ние стандардно играме со 200 денари.

Шифра: W08050858557