Машката кадетска кошаркарка селекција на Македонија е единствената која оствари победа во колективните спортови (не сметајќи го 3х3 турнирот) на ЕМОФ во Скопје.

Во својот последен натпревар, младите македонски кошаркари ја надиграа Летонија и ја совладаа со 75-50. Со тоа тие и се реваншираа на истата репрезентација за поразот во последната рунда од групната фаза, кога противникот славеше по продолжение.

Така Македонија на машкиот кошаркарски турнир на ЕМОФ заврши како претпоследна, седма во конкуренција на осум репрезентации.

ЕМОФ | FOLLOW US by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА