Тешко извојувана, но многу важна победа забележаа фудбалерите на Вардар во дуелот со Пехчево Скопје во рамките од 21.коло на Втората фудбалска лига.
На средбата одиграна во Кичево, екипата на Вардар поведе со голот на Цветановски, но домаќините израмнија на 1-1 во самиот финиш на првиот дел.
И повторо како и на дуелот со Охрид, Владимир Жоглев беше јунакот вардаров, па со голот во последните моменти му донесе значајна победа и нови три бода на црвено-црниот тим.
Вардарци остануваат на врвот на табелата сега со 52 бодови, четири повеќе од Гостивар кој вчера ја совлада убедливо слога Виница со 5-0.
На третото и четвртото место се Воска Спорт со 47 и Пелистер 43, екипи кои во среда во Охрид ќе го одиграат меѓусебниот дуело од оваа рунда.