Иако не успеавме да изготвиме добитен тикет што ќе ни овозможи егзотично патување на Малдиви, ние ќе продолжиме со нашите обиди да пишуваме предлог-тикети за солидни добивки.

И овој вторник билтенот и додатокот на Златна Копачка нудат стотици опции за да креираме тикет со 6 пара, а нашата замисла изгледа вака:

ШКЕНДИЈА – ТНС: Победа домаќин

Македонскиот шампион успеа да не прими гол на гостувањето во првата средба, па сега на Националнат арена во Скопје Шкендија ќе се потруди да избори победа за пласман во следното квалификациско коло во ЛШ.

СТ. ЏОНСТОН – ДАНДИ ЈУНАЈТЕД: Гол-гол и 3+

Во лигашки рамки, овие две екипи во две од последните пет меѓусебни средби постигнале повеќе од 3 гола, но со оглед на тоа дека сега ќе се игра контролен натпревар, се очекува да има повеќе погодоци.

ДИНАМО МИНСК – ЛУДОГОРЕЦ: Реми или победа гостин и меѓу 1 и 3 гола

Лудогорец по минималната победа на домашен терен од првиот натпревар, ќе се обиде да ја сочува предноста и да обезбеди пласман во следното коло од квалификациите. Доволно е реми или победа на гостите од Бугарија, а на мечот да има најмалку еден, а најмногу три гола.

ФРЕДРИКШТАД – БОДО/ГЛИМТ: Победа гостин

Бодо славеше во три од последните четири меѓусебни средби, па се очекува од актуелниот норвешки првак да продолжи во победнички ритам за приклучок во трката за лидерската позиција на табелата во Норвешка.

КЛУЖ – ПАКС: Победа домаќин и 1+ гола во прво полувреме

Клуж како фаворит треба да го добие реваншот против Пакс, иако во првата средба немаше победник при конечни 0-0. Дополнително од романскиот вицешампион се очекува барем еден гол во првите 45 минути.

ПАРТИЗАН – АЕК ЛАРНАКА: 0-2 гола

Партизан иако со негатива од 0-1 ќе влезе во реваншот, има какви-такви шанси да го совлада кипарскиот тим. Сепак, очекуваме и во оваа средба да нема многу погодоци, па затоа и типуваме да има максимум до два погодоци.

Првиот натпревар почнува вечерва во 20 часот, што значи дека дотогаш имате време да ја искористите шифрата за брза уплата. Ние вложуваме 200 денари, на вас останува со колку средства ќе го одиграте нашиот предлог-тикет.

ШИФРА: W07151111738