Францускиот фудбалски гигант Лион го задржа статусот во Првата лига. 

Седумкратниот француски шампион беше исфрлен во Втората лига пред две недели од страна на надзорниот орган на француската фудбалска лига, познат како „DNCG“. Причината беа тековни финансиски неправилности и долгови проценети на 175 милиони евра (203 милиони долари).

На оваа одлука Лион поднесе жалба, која беше прифатена. 

„Олимпик Лион ја поздравува денешната одлука на ДНЦГ да го задржи клубот во Лига 1.

Лион ѝ се заблагодарува на комисија за препознавање на амбицијата на новото раководство на клубот, кое е решено да обезбеди сериозно раководство во иднина“, се вели во соопштението на клубот. .

Сепак, ФФФ во исто време постави рокови за исполнување на финансиските обврски на клубот.

Исто така, имаше промена и на позицијата претседател на клубот. Американскиот бизнисмен и сопственик на клубот Џон Текстор беше заменет на таа позиција од Мишел Канг, сопственик на женскиот фудбалски клуб Лион.

 

Следете нé на социјалните мрежи