Екипите на Алкалоид и Бутел Скопје го одиграа најнеизвесниот натпревар од денешната програма во четвртфиналната групна фаза на Купот на Македонија.
Во натпреварот од третата група игран во салата „Автокоманда“ целиот меч измина во израмнета игра се до самиот крај, а победникот беше решен во последната секунда со голот на Мартин Серафимов.
Токму Серафимов беше и најефикасниот играч на натпреварот со 11 постигнати голови, а по три постигнаа Џонов, Стојковиќ и Савревски, додека кај поразениот Бутел, по пет гола постигнаа Јефтиќ и Мајиќ
За влез на завршниот „фајнал-фор“ турнир, Алкалоид утре (18 часот) ќе игра против Алкалоид Вардар Неготино кој попладнево беше подобар од Прилеп со 29-29