Европскиот шампион Париз Сен Жермен е третиот тим што обезбеди пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД.

Парижаните во европската четвртфинална пресметка беа подобри од минхенски Баерн со 2-0.

Првиот дел мина без голови и во сенка на тешката повреда на Мусиала, кого сигурно го чека подолга пауза. Во вториот дел големи возбудувања, многу поофанзивен фудбал и два црвени картони за ПСЖ и голови.

20 годишниот Десире Дуе во 78.минута го отвори резултатот за водство на ПСЖ од 1:0. Само пет минути подоцна Паќо заработи црвен картон. Германскиот тим се обидуваше со сите сили да стигне до израмнување, но стрелците затаига. Иако Кин ја затресе мрежата на парижаните, голот беше поништен поради офсајд.

Во судиското дополнение, ПСЖ остана и без Хернандез кој исто така заработи црвен картон. Сепак, неколку минути подоцна, по брзата контра Дембеле со ефектен гол ги постави конечните 2:0 за триумф на ПСЖ.

Францускиот тим сега ќе го чека својот противник за полуфиналето. Тоа „светците“ ќе го дознаат по мечот меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд што ќе се игра вечерва од 22 часот.

Следете нé на социјалните мрежи