Енис Барди и турскиот клуб Бодрум официјално ставија крај на соработката. Ова денеска на својот „Х“ профил го потврди турската екипа. 

Сакаме да му се заблагодариме на нашиот фудбалер Енис Барди, кој го заврши договорот, за неговиот придонес и му посакуваме успех во преостанатиот дел од кариерата.

Капитенот на македонската репрезентација, го носеше дресот на Бодрум во изминатата полусезона, откако во зимскиот преоден рок дојде од Трабзонспор.

Барди, кој утре полни 30 години, во својата професионална кариера ги носеше уште дресовите на Ујпешт (2014–2017), шпанскиот Леванте (2017-2022).