По Интер и тимот на Манчестер Сити го завршија настапот на Светското клупско првенство.

Во осминафиналето англиската екипа е елиминирана од Ал-Хилал кој славеше со 4:3 по продолженија.

Натпревар полн со пресврти почна со водство на Сити во 9,миинута со голот на Бернардо Силва. Тоа беше и резултат по првиот дел, а во вториот беа постигнати три. Маркос Леонардо (46) и Малком (52) направија пресврт за 2:1. Но израмнувањето дојде брзо преку Халанд во 55.минута. До крајот на 90-те минута немаше друг погодок па се играа продолженија.

И во нов повторно три гола. Кулибали му донесе водство на Ал-Хилал со 3-2, а Фил Фоден израмни на 3-3. Во 112-тата минута Малком со својот втор гол го одведе тимот од Саудиска Арабија во четвртфиналето.

Во него Ал-Ахли за противник ќе го има Флуминенсе кој го елиминира италијанскиот Интер славејќи со 2-0.

Со тоа комплетирани се три од четирите пара за четвртфиналето. Последниот ќе го дадат победниците од денешните два натпревари. Во нив Реал Мадрид игра против Јувентус (21 часот), а Борусија Дортмунд со Монтереј од Мексико (3 часот по полноќ)